• Саше Љолес
Искусниот босански тренер, Владимир Петковиќ, официјално е нов селектор на репрезентацијата на Алжир. Иако се очекуваше свој „кам-бек“ да има легендарниот Вахид Халилхоџиќ, сепак Алжирската федерација се одлучи за Петковиќ, чија примарна цел ќе биде обезбедување пласман на Светското првенство во 2026 година.
Екс-селекторот на Швајцарија ќе добива плата од 100.000 евра месечно, плус дополнителни бонуси за секоја победа и за евентуалниот пласман на Мундијалот кој ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.
Најдобрите резултати во кариерата Петковиќ ги имаше токму со швајцарскиот национален тим, се кој двапати играше на големите турнири (СП 2018 и ЕП 2020), а единствениот клупски трофеј го освои со екипата на Лацио, кога во 2013 година триумфираше во Купот на Италија.