Поранешниот капитен никогаш посуров: Дали Јунајтед навистина падна толку ниско?

Легендарниот Гари Невил, поранешен капитен на Манчестер Јунајтед, а денес еден од најпознатите англиски аналитичари, не штедеше зборовите за својот матичен клуб.

Јунајтед беше елиминиран и од ФА Купот, откако Брајтон славеше на „Олд Трафорд“, а Гари Невил ги повика сите во клубот да преземат одговорност. Дарен Флечер не успеа да го изгасне пожарот, ремизираше со Барнли на гостински терен и беше елиминиран од ФА Купот, а сега неговата улога треба привремено да ја преземе - Мајкл Карик.

Сепак, според Гари Невил, менаџерот сам не може да ја промени целокупната лоша слика за клубот.

„Ова е срам за клуб од оваа големина. Тоа што беа елиминирани во двата купа кажува сè. Нема интензитет, нема гордост во дресот што го носат. Ги гледате тие играчи и не го чувствувате стравот, вербата или идентитетот на Јунајтед. Играчите изгледаат опуштено. И не се само играчите на теренот, целата хиерархија на клубот мора да преземе одговорност, бидејќи овие работи се дозволени и повторувани со години. Манчестер Јунајтед во моментов не изгледа како сериозен фудбалски клуб“, рече Гари Невил.

Јунајтед до крајот на сезоната ќе се натпреварува само во Премиер лигата, а ако не се квалификуваат за Европа, ова ќе биде уште една катастрофална сезона за нив.