Поранешниот хит во ПМФЛ и Лига Европа исфрлен од Втората лига

Фудбалерите на Хоризонт Турново

Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) ќе биде посиромашна за еден клуб во новата сезона, затоа што Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) од натпреварувањето го исфрли Хоризонт Турново.

Клубот кој некогаш ја преставуваше Македонија во Лигата на Европа имал долг кон ФФМ, односно не платил половина од котизацијата за учество на новата сезона. Поради тоа, челните луѓе на фудбалот решија да го санкционираат клубот и да го сопрат од учество во понатамошниот дел од сезоната.

Турново по шест кола во Втората лига - Исток имаше пет порази и еден триумф. Малиот клуб од Турново ја претставуваше нашата земја во Лига Европа во сезоната 2013/14 и играше дуели со Судува и Хајдук. Во првенството до самиот крај беше конкурентен за врвот и за тронот се бореше со Вардар.