Поранешниот голем талент на Португалија потпиша за ПСЖ

Францускиот шампион ПСЖ дополнително го засили и онака полниот тим со ѕвезди и квалитет. За парискиот гигант потпиша некогаш најталентираниот млад играч во Португалија, Ренато Санчез.

Kaко што пренесува Фабрицио Романо, ПСЖ и Лил постигнале договор за потписот на Ренато Санчез за трансфер вреден 15 милиони евра.

24-годишниот Португалец останува само да ги мине лекарските прегледи и официјално ќе биде претставен како нов играч на парискиот тим.

Санчез помина низ школата на Бенфика, а потоа потпиша за Баерн Минхен за 35 милиони евра во 2016 година, пред да се пресели во Лил во 2019 година за 20 милиони евра. Тој веќе има 32 настапи за португалската репрезентација, со која го освои Европското првенство во 2016 година.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.