ВИДЕО: Поранешниот европски првак по седум сезони се врати во Бундеслигата!

Фудбалерите на Хамбургер на коло пред крајот на Цвајте си обезбедија место во Бундеслигата, откако го победија Улм со убедливи 6-1 (3-1). Поранешниот европски првак имаше сериозен пад во изминатите години, а сега по седум сезони се враќа во германската елита. 

  • Извешта од натпреварот:

Последен пат Хамбургер играше во Бундеслигата во сезоната 2017/18, а оттогаш се натпреваруваше во второлигашкото друштво. Во секоја од тие сезони овој тим беше во борба за кам-бек во елитата, завршуваше четири пати на четвртото и двапати на третото место, а сега се на пат да го освојат трофејот. 

Во пресрет на последното коло Хамбургер има 59 бода, еден повеќе од Келн, а по четири од Елверсберг и Падерборн. 

По крајот на пресметката, навивачите го преплавија теренот на „Волкспаркстадион“ и лудо прославија со фудбалерите.