Поранешниот бек на Вардар си најде нов клуб на Кипар

Ерменскиот десен бек Хофханес Хамбарџумјан, кој во македонската јавност е познат настапувајќи за Вардар, од следната сезона ќе има нов предизвик. 

Искусниот дефанзивец по заминувањето од редовите на најтрофејниот македонски фудбалски клуб се пресели во Кипар и ги бранеше боите на Енозис, а сега ќе игра во еден од најдобрите клубови во овој шампионат, Анортозис.

„Возбуден сум што потпишав со Анортозис. Во иднина гледам многу победи со овој клуб и во кипарската лига и во Лигата на Европа. Аноретозис е еден од најдобрите клубови во Кипар и со едвај го чекам новиот предизвик“, вели екс-вардарецот.

29-годишниот бек четири сезони играше за Вардар, а беше дел и од историскиот настап во групната фаза во Лигата на Европа, во 2017 година.