Поранешниот ас на Манчестер Јунјатед се врати во Европа

Искусниот португалски офанзивец, Луис Нани и официјално се врати во Европа., откако во иднина ќе го носи дресот на Венеција во Серија А.

Португалецот откако ги договори личните услови, денес стави потпис на договор на една и пол година со тимот кој се бори за опстанок во италијанската елита. 

Последен клуб за Нани е Орландо во МЛС лигата, од каде си замина пред крајот на 2021 година, а пред Орландо имаше кам-бек епизода во Спортинг Лисабон. Најголем белег во кариерата остави како член на Манчестер Јунајтед, а настапуваше и за Фенербахче, Валенсија и Лацио.

За португалската репрезентација одигра 112 натпревари и постигна 23 гола.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк