Поранешната легенда на Баерн Минхен е именуван за нов селектор на Грузија

Фудбалската федерација на Грузија долг период беше во потрага по нов селектор, откако по поразот од Македонија во финалето од Лигата на нации, селекцијата остана без свој предводник.

Владимир Вајс си поднесе оставка, па раководството на федерацијата во претходните месеци преговараше со неколку стратези, а на изненадување на тамошната фудбалска јавност, на крај довербата ја доби поранешниот ас на Баерн Минхен и Франција, Вили Сaњол.

Некогашниот незаменлив бек во редовите на Баварците, по завршувањето на играчката кариера, во 2008 година, веднаш им се посвети на тренерската работа, но не може да се пофали со успешна кариера на клупата. 

Една година беше предводник на младинската селекција на Франција, потоа две сезони во водеше Бордо, а во последниот период работеше во Баерн Минхен, како дел од советниците на Ханси Флик.