• Иван Димовски

Екипата на Бирмингем потпиша со Ален Халиловиќ кој доаѓа како слободен агент.
Фудбалерот кој важеше за голем талент на Хрватска, а своевремено беше изданок на школата на Барселона, бележи вртоглав пад во својата кариера. Халиловиќ беше играч на Милан, ама „росонерите“ го раскинаа договорот со Хрватот.
BOSS signing!
We are delighted to announce the arrival of Alen Halilović.
— Birmingham City FC (@BCFC) November 23, 2020
Халиловиќ доби договор со Бирмингем до крајот на сезоната, па ќе има можност да се докаже, а можеби и добие шанса следната сезона да игра повторно во Чемпионшип.
Овој фудбалер ја започна кариерата во Динамо Загреб, па прејде во Барселона. Потоа Халиловиќ играше и за Спортинг Хихон, Хамбургер, Лас Палмас, Херенвен, Стандард и Милан, а не успеа да се наметне во ниту една средина.