• Горан Упале
Фудбалскиот клуб АЕК денеска потврди дека Антони Марсијал е нов член на тимот. 28-годишниот Французин беше слободен играч откако му истече договорот со Манчестер Јунајтед, но во текот на летото не доби реални понуди, па реши да се пресели во Атина.
Марсијал во својата кариера настапуваше за Монако, Манчестер Јунајтед, а една сезона помина на позајмица во Севиља. Сепак, поради бројните проблеми со повредите, тој е во пад веќе две-три сезони.
Ο μάγος έρχεται!!!
Ραντεβού στο αεροδρόμιο!!!
Arrival: Anthony Martial
Time: 20:40
Location: El. Venizelos airport Meeting point: Exit 7#aekfc #aekfcseason2024_2025 #summertransfers #Martial pic.twitter.com/yls71N3NJP— AEK F.C. (@AEK_FC_OFFICIAL) September 18, 2024
Марсијал ќе биде и најгласното засилување за АЕК, кој летово веќе донесе неколку познати имиња, меѓу кои најголемо е Ерик Ламела, но пристигнаа и голманот Томаш Стракоша и Роберто Переира од Удинезе.
Поранешниот репрезентативец на Франција со АЕК потпиша тригодишен договор во кој ќе заработи 7,5 милиони евра, што го прави најскапиот фудбалер во историјата на грчкиот клуб.