Поранешен светски шампион со Италија ќе го води Сион

Швајцарскиот фудбалски клуб Сион го именува Фабио Гросо за нов предводник на екипата.

42-годишникот потпиша договор на една сезона и ќе биде еден од низата италијански стратези кои ја воделе оваа екипа. Сион минатата сезона доста менуваше тренери, го предводеа четири различни имиња, а на крајот заврши на осмото место.

Гросо во тренерската кариера работеше уште во младиот тим на Јувентус, Бари и Верона. Некогашниот лев бек ќе остане запаметен како стрелец на „златниот гол“ против Германија на СП 2006, настан на кој Италија стана светски првак.

Фабио Гросо за Италија одигра 48 натпревари, а покрај голот со Германија, го даде и решавачкиот пенал против Франција.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.