ФОТО: Поранешен судија со докази дека Елмас бил во офсајд пред првиот голот на Наполи

Елмас офсајд

Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас одигра 76 минути на гостувањето кај Бреша, на кое Наполи запиша три бода со пресврт во второто полувреме.

Неколку дена по мечот на „Фејсбук“ се појавија фотографии кои докажуваат дека нашиот талент бил во офсајд на почетокот од акцијата, која резултираше со пенал за гостите и израмнувачки погодок на Дриес Мертенс.

Лука Марели има цврсти докази кои ја покажуваат грубата грешка на судиите, кои дозволија играта да продолжи и му овозможија на тимот на Џенаро Гатузо да го најави пресвртот.

Четири минути по пеналот на Мертенс, еврогол од далечина постигна Фабиан Руиз за конечни 1-2, кои го однесоа Наполи на шестата позиција на табелата во Серија А.