Поранешен шампион на Франција тргна по потписот на Адеми

Откако беше одбиена понудата на Бетис, странските медиуми шпекулираат дека Монако е новиот тим кој пројавил голем интерес за нашиот репрезентативец Аријан Адеми. 

Според француски „Еуроспорт“, поранешниот шампион во Лига 1 ќе се обиде да пронајдe заеднички јазик со Динамо Загреб и уште во јануарскиот трансфер-период да го доведе македонскиот играч за врска. 

Засега не е позната сумата со која Монако ќе се обиде да го придобие Адеми, но сигурно таа ќе биде поголема од онаа која ја понуди Бетис (6,5 милиони евра). 

Искусниот играч за врска и оваа сезона е лидер во редовите на „модрите“,за кои настапува од 2010 година и запиша над 250 натпревари. Претходно беше дел од Шибеник, каде ја започна својата фудбалска кариера.