Поранешен осуденик е поставен за нов претседател на славниот Олимпик Марсеј

Францускиот фудбалски гигант, Олимпик Марсеј, го именуваше Стефан Ришар за нов претседател на клубот. 

Ришар е поранешен извршен директор на телекомуникациската компанија „Оранж“, а на функцијата претседател на Олимпик го замени Олбан Жустер, кој беше привремен прв човек по заминувањето на Пабло Лонгорија. 

Интересно е што Ришар во 2021 година беше осуден на едногодишна условна затворска казна поради финансиска проневера која не била поврзана со телекомуникациската компанија. 

Сопственикот на Олимпик Марсеј, Френк Мекорт, му посака добредојде на новиот претседател, истакнувајќи дека неговата кандидатура била најсериозна од сите аспиранти за оваа позиција.