Поранешен напаѓач на Шкупи и Шкендија ја засили Велешта

Македонскиот фудбалски второлигаш Велешта го претстави своето најново засилување во своите редови. 

Во пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига – Запад, дресот на Велешта ќе го носи Шпенд Асани, 25-годишен фудбалер со големо искуство во прволигашкото друштво. Асани во новата средина се сели од редовите на Воска Спорт, каде ја мина есенската полусезона, а претходно во својата кариера има настапувано уште за Шкендија и Шкупи, како и Дрита, Вардар Неготино.

По петнаесет одиграни кола во ВМФЛ-Запад, Велешта е во опасната зона за испаѓање и со 14 бода ја зазема осмата позиција, од десет екипи.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк