Поранешен младински репрезентативец на Македонија позитивен на коронавирус!

Рустемовски

Второлигашкиот дуел во Швајцарија меѓу Грасхоперс и Вил е одложен поради позитивен случај на коронавирус во гостинската екипа.

Се работи за младиот Амел Рустемовски кој своевремено беше дел од младинската репрезентација на Македонија за фудбалери до 16 години. Симптомите кај 19-годишникот се појавиле во вторникот, а тестот на крај покажал дека е позитивен на ковид-19.

Од тој момент напаѓачот е во изолација и не е во контакт со ниту еден член на швајцарскиот клуб. Поради претпазливост, сите фудбалери и членови на стручниот штаб на Грасхоперс ќе направат тест за коронавирус.

Рустемовски има еден погодок во македонскиот национален дрес, во победата од 3-1 над Андора во мај 2016 година. На тој меч офанзивецот ја имаше честа да ја носи капитенската лента и да го најави триумфот со првата реализација.