Поранешен израелски фудбалер убиен од припадниците на „Хамас“

Поранешниот израелски фудбалер, Лиор Асулин, е убиен од припадниците на Хамас во напад на масовна забава каде 43-годишникот го прославувал својот роденден. 

Терористичкиот напад се случил по полноќ, кога педесетина вооружени лица упаднале на местото на настанот и почнале да пукаат по цивилите кои се забавувале. Не е познато дали има уште жртви во нападот, но израелските медиуми јавуваат за повеќе од дваесет полесно и потешко повредени. 

Асулин ја започна својата кариера во Макаби Херзлија, а потоа настапуваше за уште неколку клубови во Израел, вклучително и Хапоел Бер Шева и Макаби Петах Тиква