Поранешен италијански напаѓач осуден на три и пол години затвор!

Миколи

Поранешниот италијански напаѓач Фабрицио Миколи доби висока затворска казна, поради „насилно изнудување пари“.

Случајот датира од 2013 година, а последната пресуда, која е дефинитивна, на 42-годишникот му донесе казна затвор од три години и шест месеци. На истата поранешниот играч на Јувентус, Фиорентина и Палермо нема право на жалба.

Сè започна пред десет години, кога Миколи се обиде да „рекетира“ газда на познат италијански ноќен клуб. Тој сакал да му одземе 12.000 евра со закани и насилство.

Првата пресуда за овој случај е од 2017 година. Конечната одлука на судијата пристигна пред неколку дена, кога Миколи заплака пред јавноста, кога слушна колкав период ќе мора да мине зад решетки.

Поранешниот голгетер доби шанса и да го носи репрезентативниот дрес на Италија и постигна два гола.