• Саше Љолес
Англискиот фудбалер, Џеј Емануел-Томас се најде во огромни проблеми откако беше упасен при поради случај на криумчарење шеесет килограми марихуана на еден локален лондонски аеродром.
Пратката била вредна нешто повеќе од 600.000 фунти, а Томас бил приведен од неговиот дом во Глазгов. Фудбалерот на шкотскиот Гринок Мортон не бил на самиот чин на криумчарење, но бил посочен како еден од организаторите на мрежата за трговија со наркотици.
33-годишниот Томас сега е во пртивор и со него се врши полициски распит, а приведени се и уште две лица кои се сомничат за помагање и организација на кривичното дело. Двата куфера со канабис пристигнале во Лондон со лет од Бангкок.
Доколку биде докажана вина кај инволвираните лица, тие се соочуваат со максимална затворска казна од четиринаесет години. Џеј Емануел-Томас ја започна кариерата во Арсенал и одигра пет мечеви за „топчиите“, а исто така настапуваше за Ипсвич, Квинс Парк Ренџерс и Абердин.