Поранешен европски првак во проблеми, му се заканува банкрот?

Француската Лига 1 беше прва од најсилните пет во Европа која прогласи предвремен крај, без да сочека да го види исходот по пандемијата од коронавирусот. 

Веќе се зборуваше за тешкиот финансиски удар кој клубовите од оваа земја ќе го доживеат поради прекинот на првенството, а порашениот европски првак Олимпик Марсеј е во незавидна финансиска позиција. 

Според француските медиуми, екипите од Лига 1 ќе загубат околу 500 милиони евра, од кои верувале или не повеќе од една третина ќе ги претрпи тимот од „Велодром“. Марсеј по враќањето на спортот во Франција се очекува да биде во астрономски минус од дури 206 милиони евра, кои тешко дека ќе се најде начин да се вратат во касата. 

Освен нив во проблеми се и Бордо, Сент Етјен и Лил, но ниту еден друг клуб не може ниту да му парира на Марсеј на ова поле. Иако државата вети дека ќе ги помогне клубовите поради загубените средства од телевизиските права и влезници, сепак помошта ќе биде од 200 милиони за сите екипи. 

Освен овие проблеме, челните лица на Лига 1 би можеле да се соочат и со тужби од Амиен кој ја загуби шансата да се бори за опстанок, но и Лион кој по долго време нема да игра европски фудбал поради само еден бод.