• Редакција Gol.mk
Поранешниот европски првак, а актуелен шампион на Холандија, Феенорд од Ротердам се приклучи во трката за потпис на македонскиот репрезетативец Бојан Миовски.
Според холандските медиуми штипјанецот е една од опциите за сезоната 2024/25, во која Феенорд ќе гo менува „рувото“ во сите линии.
Во претходните месеци Миовски беше поврзуван со Селтик и клубови од Премиер лигата. Неговите добри настапи го сврстија во тимот на сезоната во шкотската елитна категорија.
Миовски ја игра најуспешната сезона во кариерата. Во шкотското првенство е на третото место на листата на стрелци со 14 погодоци. Во сите натпреварувања, Македонецот на 48 настапи за Абердин даде 24 погодоци и подели четири асистенции до соиграчите.