Поранешен ас на Вардар и Шкендија го засили словенечки Копер

Јуфо

Бразилецот Виктор Нилдо Јуфо ќе ја продолжи кариерата во Словенија, каде ќе го облече дресот на екипата на Копер.

Се работи за поранешен фудбалер кој го гледавме во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Пред неколку години бразилскиот интернационалец најпрво беше дел од Шкендија, а потоа заигра и за Вардар.

По авантурата во Македонија, Јуфо замина во Индонезија, а потоа се врати во Бразил. Сега ќе биде дел од сериозниот проект кој го гради Копер во пресрет на пролетната полусезона.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.