• Горан Упале
Екипата на Тиквеш за два дена ќе го има своето деби на меѓународна сцена. Во рамките од првото квалификациско коло од Конференциската лига, кавадарчани ќе се судрат со Брејдаблик од Исланд.
Домаќин на првиот натпревар е освојувачот на македонскиот Куп, а овој дуел претрпе промени во саатницата. Првично беше закажан за од 17:00 часот, но поради високите температури во Скопје овие денови, Европската фудбалска унија (УЕФА) донесе одлука натпреварот да започне од 20:30 часот.
Тиквеш од пред неколку дена ги пушти во продажба билетите за овој дуел. Истите ќе чинат по 200 денари, додека ќе има и ВИП места кои ќе чинат по 500 денари.
Утре напладне клубот од Кавадарци ќе организира прес-конференција на која ќе зборуваат тренерот Ѓорѓи Мојсов и еден фудбалер на Тиквеш.