Поради учество на аматерската селекција на турнир промени на распоредот во ВМФЛ и Купот

Фудбалската федерација на Македонија информираше дека kомисијата за натпревари на вчера одржаната седница донесе одлука за промена на термин во распоредот за четвртото и петтото коло во Втора македонска фудбалска лига како и за три натпревари од Куп натпреварувањето во сениорска конкуренција

Причината за промената е поради учество на турнир на аматерската репрезентацијата на Македонија во Србија  во период од 12 до 19  септември 2024 година. Тоа значи дека четвртото коло од ВМФЛ наместо на 14 септември ќе се одигра на 25 истиот месец, а петтото коло наместо на 21 на 22 септември. 

Куп натпреварите Победа - Гостивар, Башкими - Воска Спорт и Беласица - Македонија ЃП аместо на 18 септември ќе се играат на 2 октомври.