Поради опасност од коронавирус, Интер - Лудогорец ќе се одигра без публика!?

Коронавирусот освен во Кина, се појави и во Италија што ги натера властите викендов да откажуваат спортски натпреваро на северот од земјата. 

Премиерот на Италија најави дека не очекува ниту наредниот викенд да се одржуваат настаните. Освен дуелите од националните првенства, за в четврток е закажан мечот меѓу Интар и Лудогорец во рамките на Лигата на Европа.

Сепак и покрај заканите, италијанските медиуми пишуваат дека УЕФА нема намера да го откаже натпреварот, но истиот може да се одигра пред празен „Џузепе Меаца“. 

Интер го доби првиот дуел со 2-0 и како што веќе најави Антонио Конте, голема е можноста да се појави со комбиниран состав.