Емини се раздели со Шкендија

Македонскиот фудбалски шампион, Шкендија, веќе повеќе од една седмица ги стартуваше подготовките за новите европски предизвици во квалификациите за Лигата на шампионите. 

Тетовчани зад себе оставија уште една доминантна сезона во ПМФЛ, но ова лето остануваат без еден од клучните фигурни во ланскиот успех. Искусниот офанзивец Изаир Емини откри дека својата авантура во Шкендија заврши. 

„Почитувани поддржувачи. Сакам да ве информирам дека не сум повеќе дел од Шкендија. Сакам да им се заблагодарам на сите за поддршката во овие години, особено на „Балистите“, напиша Емини.

Претходно, македонскиот шампион го напуштија Самир Фазли и Благоја Тодоровски, но најверојатно оваа бројка ќе се зголеми. Емини во македонскиот шампионат играше уште за Ренова, а во редовите на Шкендија пристигна од Кукс.