Поради насилството на навивачите откажан Купот на Грција

Владата на Грција поради немирите на натпреварот помеѓу ПАОК и Олимпијакос кој во средата се одигра во Солун, одлучи да го откаже Купот на Грција. Грчкото министерство за спорт одлуката ја соопшти на прес-конференција, а како причина го потенцираше насилството од првиот полуфинален дуел.


Натпреварот во Солун беше прекинат во 90. минута. Гостинскиот тренер беше погоден со тврди предмети, а подоцна навивачите на ПАОК влегоа во конфликт и со полицијата.


Второто полуфинале помеѓу Атромитос и Аек требаше да се одигра вчера, а финалето беше закажано за 23 април.