• Горан Упале
Навивачите на Фенербахче користеа ласер за време на натпреварот против Бешикташ, што беше осудено од локалната јавност. Покрај ласерот, на овој натпревар имаше и разни други инциденти на трибините, што е честа појава кога на теренот ќе се судрат лутите ривали од Истанбул.
Најмногу страдаше Жадсон Фернандес, бидејќи ласерот беше насочен кон неговото лице неколку пати, поради што промаши пенал.
Навивачот кој го насочи ласерот кон лицето на играчот на Бешикташ ќе се соочи со последиците и затоа нема да може да влезе на стадионот.
„Мојот пријател и другите навивачи кои знаеја дека имам ласер со мене, ми рекоа да го насочам кон играчот што го шутираше пеналот. Ме понесе моментот, не беше планирано. Го направив тоа од чиста возбуда. Не сакав да му наштетам никому“, објасни навивачот.
Сепак, навивачот ќе добие драконска казна и одреден период ќе му биде забрането да влезе на кој било стадион во Турција. Инаку, дербито заврши со победа на Бешикташ од минимални 0-1.