• Горан Упале

Александар Митровиќ жестоко реагираше на судиската одлука на Крис Каванаг во поразот на Фулам од Манчестер Јунајтед (3-1) во четвртфиналето на ФА Купот, по што заслужено доби црвен картон и го чека драконска казна.
„Дејли Стар“ пишува дека Јунајтед и Тен Хаг сериозно размислувале да го доведат српскиот напаѓач на „Олд Трафорд“ летово, но наводно се откажале по тој инцидент. Митра го постигна водечки гол за Фулам на тој натпревар, но „ѓаволите“ се изборија за пресврт и пласман во полуфиналето.
Српскиот ас реагираше бесно во 72. минута, откако Каванаг досуди пенал за Јунајтед и црвен картон за Вилијан. Експертите од Островот бараат голема казна за Митровиќ, а англиската фудбалска федерација наскоро треба да донесе одлука на оваа тема.
Покрај Манчестер Јунајтед, „Дејли Стар“ тврди дека Митровиќ е следен и од Челзи, Тотенхем и Барселона.