ВИДЕО: Поради близок контакт на фановите, одложен стартот на меч во КЛ

Натпреварот меѓу Ница и Келн во рамките на првото коло на Конференциската лига на УЕФА, не тргна според планот во терминот од 19:00 часот. Причината за тоа беа немирите на трибините меѓу двете навивачки групи. 

Според информациите, во Франција пристигнаа преку 10.000 фанови на Келн за мечот на евро-сцената, а пред стартот дојде до близок контакт на двете навивачки групи. Интересно, до проблем дојде во моменти кога на трибините имаше навистина мал број на фанови, но исто така и мал број на лица од обезбедувањето.

Поради тоа, стартот на дуелот на Азурниот брег беше одложен. Сепак, УЕФА утврди дека е воспоставена контрола и наведе дуелот да започне со 40 минутно задоцнување.