• Горан Упале
Мамаду Сако испука „отровна стрела“ во правец на поранешниот соиграч Адриен Рабио. Дефанзивецот кој по Пари Сен Жермен, Ливерпул, Кристал Палас и Монпеље пристигна во Торпедо, вели дека „попрво би ја завршил кариерата отколку да го носи дресот на Олимпик од Марсеј“.
Неговиот пет години помлад колега, кој исто така е роден во Париз, летово се реши за чуден потег и ја прифати понудата од „Велодром“. На Сако тоа не му се допадна.
„Како парижанец од детството, играч кој го носеше дресот на Пари Сен Жермен, немате право да го носите дресот на Олимпик Марсеј. Како вистински парижанец, попрво би ја завршам кариерата отколку да го облечам дресот на Олимпик Марсеј“, изјави Сако.
Во 2019 година, по седум сезони на „Паркот на принцовите“, Рабио го напушти својот матичен клуб и потпиша за Јувентус како слободен играч. ПСЖ претходно одби да му го исполни барањето за годишна плата од десет милиони евра.
Сако, пак, за ПСЖ играше од 2007 до 2013 година и забележа 201 настап. Тој од минатото лето настапува за Торпедо од Кутаиси.