Попов: Со максимална посветеност можеме до позитивен резултат во Тетово

Вардар утре во рамките на првото коло во новиот шампионат, гостува кај Шкендија во Тетово. Ждрепката и оваа сезона сакаше најтрофејниот македонски клуб да стартува со истиот противник од истото место, откако и лани двете екипи се соочија на стартот на сезоната. 

Своите очекувања од дербито ги искажа капитенот Горан Попов, кој смета дека со максимален пристап и исполнување на задачите од Васоски, можат во Скопје да се вратат со поволен резултат

„Гостуваме на екипа која што ќе го има нашиот респект затоа што во квалификациите во Лигата на шампионите покажаа дека дека имаат квалитет. Меѓутоа со Вардар, Шкендија секогаш имала проблем во минатото, особено на домашен терен. Ако први постигнеме гол во Тетово, ќе биде тешко да нè победат. Вардар оваа година има млада екипа, неколку засилувања кои што им треба време да се адаптираат во новата средина, и затоа сè уште не сме се запознале меѓу себе. Затоа и се случи тоа што се случи во Европа. Меѓутоа сега се фокусираме кон настапите во шампионатот, и нормално нашата цел е да одиме на првото место. Шкендија е добра екипа, имаат повеќе натпревари од нас после подготовките. Но, одиме подготвени во Тетово да се надигруваме. Јас ќе бидам реален и ќе кажам дека на хартија Шкендија во моментов има поквалитетна екипа од Вардар, меѓутоа добро е познато дека на вакви натпревари одлучуваат инспирација, желба, мотив... Ако јас и моите соиграчи влеземе максимално во мечот, и секој ги исполни задачите на тренерот Васоски, тогаш можеме да дојдеме до позитивен резултат“, рече Попов.

Вардар во новата сезона влегува со нови сили и ќе се обиде да ја симне Шкендија од шампионскиот трон, а уште утрешниот натпревар ќе покаже дали е способен за такво нешто.

ПМФЛ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 7 2 1 14:6 8 23
2 ШкендијаШкендија 10 5 4 1 20:11 9 19
3 Академија ПандевАкадемија Пандев 10 5 1 4 12:10 2 16
4 РаботничкиРаботнички 2 10 4 2 4 14:18 -4 14
5 Македонија Ѓорче ПетровМакедонија Ѓорче Петров 2 10 3 4 3 9:7 2 13
6 БеласицаБеласица 2 10 3 4 3 9:11 -2 13
7 РеноваРенова 3 10 3 2 5 11:13 -2 11
8 ПобедаПобеда 3 10 3 2 5 7:10 -3 11
9 ШкупиШкупи 1 10 2 3 5 8:11 -3 9
10 СилексСилекс 1 10 1 4 5 6:13 -7 7