• Мартин Танасковски
Македонскиот репрезентативец Марио Младеновски е премногу блиску до трансфер во редовите на украинскиот гигант Динамо Киев, соопштуваат медиумите од Украина.
Дефанзивецот кој има 19 години беше дел од Вардар, но реши да си ги земе документите поради долговите и да замине од таборот на „црвено-црните“. Младеновски моментално е во Киев, каде играше во дресот на Динамо, а договорот е многу блиску до реализација.
На трансферот кумува поранешниот репрезентативец на Македонија, а сегашен агент, Горан Попов, Екс-фудбалерот на Динамо Киев се сретнал со првиот човек на клубот Луческу и договорот е пред реализација.
Младеновски настапи на една пријателска средба за Динамо Киев, против екипата на Колос. Горан Попов уште пред шест месеци најави дека Младеновски има квалитет да игра за Динамо Киев и го понуди како голем талент. Тогаш во комбинација беше и Леонид Игњатов (19), но тој е пред трансфер во Хрватска.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.