• Иван Димовски
Фудбалерите на Брегалница во рамките на 13. коло во Втората македонска фудбалска лига гостуваат кај Беласица во Струмица. Источното дерби секогаш привлекува внимание, па така е и овојпат без оглед на тоа што струмичани котираат на средината на табелата, а штипјани се меѓу водечките екипи.
Во пресрет на натпреварот своите очекувања ги изнесе Столе Попоски, кој кажа:
„Речиси целиот тим е подготвен, еден-двајца фудбалери ќе отсуствуваат. Верувам дека сите што ќе добијат шанса ќе одиграат на ниво и отсуствата нема да се почувствуваат. Ја искористивме паузата за максимално да се подготвиме за претстојните натпревари. Мора да одиграме онака како што знаеме и на крајот на полусезоната да бидеме на едно од првите две места.
Беласица е млада и полетна екипа која игра квалитетно и борбено, а тоа го докажа на претходните натпревари. Во ова дерби сметам дека сме фаворити, одиме на трите бода“.
Дербито на колото во ВМФЛ, како и сите останати натпревари се играат во терминот од 13:00 часот.