• Горан Упале
Синоќа беше пополнета квотата за учество на Светското првенство кога станува збор за членовите на УЕФА, а дури во раните утрински часови, по средноевропско време, се познати имињата на сите 48 учесници на Мундијалот во Канада, Мексико и САД.
Кога станува збор за европските селекции, последните места ги зазедоа Босна и Херцеговина, Турција, Чешка и Шведска, а синоќа во Мексико се играше интерконтинентален бараж за селекциите од другите континенти.
Селекцијата на ДР Конго ја победи Јамајка со 1-0 по продолжение, откако натпреварот во регуларниот дел заврши без голови. Херој на африканската селекција беше Аксел Тунзебе, поранешен дефанзивец на Манчестер Јунајтед, кој мрежата на Јамајка за затресе во стотата минута. За ДР Конго ова ќе биде втор настап на Светското првенство, откако претходно учествуваше под името Заир во 1974 година во Западна Германија.
Последен патник на СП е селекцијата на Ирак која со 2-1 славеше над Боливија во Гвадалупе. Стрелци на головите беа Али Ал-Ахмади во 10 минута, Мојсес Панагва го постигна израмнувачкиот гол во 38. минута, додека Ајмен Хусеин го постигна решавачкиот гол во 53. минута.
ДР Конго ќе биде во Група К со Португалија, Колумбија и Узбекистан, додека Ирак ќе му се придружат во Група I од Франција, Сенегал и Норвешка.







