ВИДЕО: Поперфектно не може - волеј од учебник на Дани Алвес во финалето на Купот!

Дани Алвес како да е предодреден за генијални голови. Вечерва постигна еден од своите највпечатливи погодоци во кариерата и тоа едно финале. Најтрофејниот фудбалер на сите времиња го отвори резултатот во финалето на Купот на Франција меѓу ПСЖ и Рен со ретко виден волеј.

Нејмар изведе корнер од левата страна, одбраната на Рен подзаборави околу казнениот простор на Дани Алвес, а овој со школска дијагонала ја „искина“ мрежата на голманот на Рен, Кубек.

  • Супер-волејот на Дани Алвес во финалето на францускиот Куп:  

ПСЖ прокоцка предност од 0-2 и по 2-2 во регуларниот тек и продолженијата, Рен извојува победа од 6-5 по изведувањето на казнени удари.