• Горан Упале


Помеѓу двете пресметки за два трофеи, Интер го очекуваат последните предизвици во Серија А, а на крилата на успехот во Купот на Италија, а веќе и во финалето на Лигата на шампионите, „Неразурите“ против Аталанта ќе се обидат и математички да го потврдат местото во европската елита следната сезона.
Од друга страна, соништата на Аталанта за пласман во Лигата на шампионите повторно се доближија до реалноста по одземените бодови на Јувентус. На Интер му е доволен бод во следниот натпревар и без поголем притисок го пречекува тимот од Бергамо кој пред себе има резултатски императив доколку сака да го продолжи чекорот со Милан. „Неразурите“ со поразот во претходното коло од Наполи (3-1) ја прекинаа серијата на триумфи во официјалните натпревари, но пресвртот под водство на Лаутаро Мартинез против Фиорентина во финалето на Купот на Италија беше идеален спас.
Сите квоти во МОZZART за натпреварот Интер - Аталанта
Тимот на Инзаги очигледно се разбуди во идеален момент, а сезоната во која практично без борба ја загуби титулата и покрај тоа што беше главен фаворит, на крајот нема да може да се класифицира како неуспешна. Клубот од Милано ја темпира формата и сѐ што е постигнато во текот на пролетта ќе има можност да се круниса против Манчестер Сити. Ама, сепак, за да ја дочекаат таа средба релаксирано, фудбалерите на Интер мора прво да обезбедат пласман во Лигата на шампионите следната година, за што треба да освојат барем бод во следните два меча.
Сите квоти во МОZZART за останатите натпревари во Серија А
Последниот натпревар на стадионот „Џузепе Меаца“ е можност да се испрати тимот во славеничка атмосфера на најголемиот меч од сезоната и да се избегне резултатскиот притисок во Торино. Кога станува збор за Аталанта, апетитите значително пораснаа со казнувањето на Јувентус, па тимот кој до вчера планираше да се натпреварува во Лига Европа со Рома повторно сонува за место во елитата, за што се потребни низа поволни резултати. а меѓу првите е победа против Интер.
Со години претстојните ривали се актери на неизвесни средби, а нова со ваков епитет се очекува викендов. Наш предлог е умерен број на голови.