ВИДЕО: Понижувањето на Гризман – Симеоне како да сакаше да каже „погледни каде замина“

Симеоне

Диего Симеоне е поранешен тренер на Антоан Гризман, кој сега настапува во Барселона. Французинот беше „прва виолина“ во клубот од Мадрид, но не се снаоѓа најдобро на „Камп Ноу“.

Доказ за тоа е влегувањето во игра дури во надополнувањето од дербито против Атлетико Мадрид. Реакцијата на Симеоне кажува се што се случува во каталонскиот клуб и неговиот однос со напаѓачот.

Гризман си замина од „Ванда Метрополитано“ за 120 милиони евра минатото лето. Навивачите на Атлетико го прогласија за предавник и ја користат секоја прилика за да го исмеат или навредат.

Мадриѓани му направија услуга на градскиот ривал со ремито против Барса. Реал Мадрид изгради солидна предност пред Каталонците, која би можела да се зголеми на мечот против Хетафе