ВИДЕО: Поништен гол за реми во финишот, Монако го преживеа Стразбур

Монако победа

Монако собра цел плен на „Стад де Мино“ кај Стразбур (1-2) во меч од првото коло од француската Лига 1.

  • Извештај од натпреварот: 

На крајот од првиот дел гостите од кнежевството поведоа. Крепин Диата одлучи да бие од далечина и на погреши. Топката заврши покрај десната статива и ги израдува фудбалерите на Филип Клемен.

Надеж за домашната екипа донесе Хабиб Диало. Сенегалецот со глава намали и го постигна првиот погодок за својот тим во новата сезона. До крајот немаше големи шанси за промена на резултатот, но домаќинот се понадева на реми. Диало реализира вторпат на оваа средба, но ВАР-собата реагираше и покажа офсајд, за голема тага на трибините.

Клермон и ПСЖ ќе ја затворат саботната програма во францускиот шампионат во натпревар од 21:00 часот.

Состави

Julien Stephan

3-4-3

    Филип Клеман

    4-2-3-1