Помошникот на Нагелсман е нов тренер на бундеслигашот Аугсбург

Поранешниот напаѓач на Баерн Минхен и германски репрезентативец, Сандро Вагнер, официјално го презема тимот на Аугсбург и ќе го предводи во новата бундеслигашка сезона. 

37-годишниот стратег првпат добива сериозен предизвик во кариерата, а со управата на Аугсбург потпиша договор на три сезони. Претходно работеше како помошник на селекторот Јулиан Нагелсман, а исто така го предводеше и Унтерхахинг, со кој избори пласман во еден ранг погоре. 

Новиот ангажман би требало официјално да започне на 15 јуни, затоа што Вагнер е најавен како дел од стручниот штаб за финалните натпревари во Лигата на нации.