Помошникот го обвинил Рамос, но судијата и покрај тоа покажа пенал за Реал?

Реал пенал

Поминаа неколку дена по првото сезонско „Ел Класико“. Реал Мадрид стигна до голема победа на гости кај Барселона, која како и секое друго дерби меѓу овие екипи не помина без полемика.

Пеналот за 1-2, кој го реализира Серхио Рамос, е причина за препукувања на медиумите од шпанската престолнина и оние од Каталонија. Според изворите блиски до тимот на Роналд Куман, помошникот му сугерирал на Хуан Мартинез Мунуера дека капитенот на гостите е виновен во целата ситуација.

Наводно тој му рекол: „Рамос е виновен, Рамос е виновен“, но главниот судија и покрај тоа одлучи да гледа снимка. На неа го доби само моментот кога Ленгле го влече Рамос и тоа за него беше доволно за најстрога казна.

Оваа ситуација директно влијаеше врз конечниот резултат, бидејќи Каталонците се отворија во потрага по израмнувачки погодок. Тоа мадриѓани го искористија за да направат неколку брзи контра напади и преку еден, реализиран од резервистот Лука Модриќ, да стигнат до цел плен на „Камп Ноу“.

Барса ќе се жали до Примера и ќе бара некаква правда, иако е познато дека таа може да се добие само со компензација во слични ситуации на натпревари во остатокот од сезоната.