• Горан Упале
Цеск Фабрегас, младиот тренер на Комо, призна дека тој и неговиот стручен штаб применуваат несекојдневна практика за подобра прегледност на играта на тимот. Поранешниот шпански репрезентативец и ѕвезда на Арсенал, Челзи и Барселона, со успеси го води Комо и нема да биде изненадување доколку идната сезона го видиме тимот во Серија А.
„Да, точно е дека мојот асистент се искачува на скеле за да има подoбра тактичка перспектива. Ова е да се разјаснат одредени точки за тактиката. Сè зависи од тоа дали ќе напаѓаме или ќе работиме на одбраната“, рече Фабрегас.
Комо по 25 одиграни кола во Серија Б се наоѓа на петтата позиција на табелата со 45 бода, еден помалку од второпласираниот Кремонезе.