ВИДЕО: Поминаа седум години од епскиот пресврт на Сити и тагата на Ферги и Јунајтед! 

Вчера, екипата на Манчестер Сити ја одбрани титулата во Премиер лигата. Избраниците на Пеп Гвардиола мораа да победат во последното коло против Брајтон, а тоа го направија со стил и со 1-4 го грабнаа својот шести трофеј од англискиот шампионат. 

По вчерашната прослава на титулата, утрово „граѓаните“ се потсетија на најлудиот пресврт во историјата на Премиер лигата, кога во прашање е последното коло и борбата за титулата. Точно на денешен ден пред седум години Сити беше творец на епски пресврт на „Итихад“, по кој ја освои својата прва титула во Премиер лигата, а воедно ги фрли во тага Сер Алекс Фергусон и Манчестер Јунајтед

Во тоа последно коло на Сити неопходен му беше триумф, а до истиот стигна на неверојатен начин. Фаворитот имаше негатива од 1-2 на мечот со Квинс Парк Ренџерс, но во 91. и 94. минута Џеко и Агуеро донесоа експлозија на „Итихад“ и шампионски трофеј на својот тим. 

  • Потсетете се на лудата завршница на Премиер лигата од пред седум години: