ВИДЕО: Поминаа 19 години од ЕПСКИОТ ВОЛЕЈ на Ди Канио против Вимблдон

Паоло Ди Канио

На денешен ден, пред точно 19 години, беше постигнат еден од најубавите погодоци во историјата на Премиер лигата.

На тогашниот „Аптон Парк“, Паоло Ди Канио зафати еден волеј кој влезе во историјата на англискиот шампионат и Вест Хем Јунајтед. Тревор Синклер испрати едно долго додавање до Италијанецот кој ги изненади сите со својата креативност од таа тешка позиција.

„Ова е сензационално, дури и за неговите стандарди“ , беа зборовите на коментаторот.

Потсетете се на прекрасната завршница: