• Иван Димовски

Седиштето на УЕФА во швајцарскиот град Нион денес има исполнет распоред, поради извлекувањето на паровите за четвртфиналната фаза во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига.
Откако веќе се одржа главната ждрепка и паровите во фазата на осумте најдобри во елитното натпреварување се познати, се одржа уште едно извлекување по кое е познат патот до финалето. УЕФА ги одреди полуфиналните вкрстувања, па сега е јасно дека е невозможно италијанско или англиско финале.
- Полуфинално вкрстување во ЛШ:
Милан/Наполи - Интер/Бенфика
Реал Мадрид/Челзи - Сити/Баерн
Четвртфиналната фаза се игра на средината на април, додека полуфиналињата се на програмата на деветти или десетти мај и седум дена подоцна.
Битката за трофејот на „Ататурк“ во Истанбул е закажана за 10 јуни.