• Иван Димовски

Лигата на Европа како и останатите европски натпреварувања дојде до клучната фаза и разврската на сезоната. Денес во Нион се одржа ждрепката за четвртфиналната фаза, а веќе таму се најавува спектакл.
Сепак, веднаш потоа беа извлечени и паровите кои вкрстуваат понатаму, во полуфиналето на Лигата на Европа. Така, подобриот од пресметката меѓу Манчестер Јунајтед и Севиља оди на мегдан со победникот од двомечот на Јувентус и Спортинг, што е дополнителна најава за спектакл.
- Полуфинални вкрстувања ЛЕ:
Јувентус/Спортинг - Манчестер Јунајтед/Севиља
Феенорд/Рома - Баер Леверкузен/ Унион Сен Жилоа
Четвртфиналните средби се играат на 13 и 20 април, додека фазата на четири најдобри е на 11 и 18 мај. Финалето кое ќе се одржи во Будимпешта е закажано за 31 мај на „Пушкаш Арена“.