Полуфиналињата во ЛШ и ЛЕ не се загрозени, иако има екипи од Суперлигата?

Пет од осумте екипи кои оваа сезона ќе играат во полуфиналињата во Лигата на шампионите и Лигата на Европа се дел од групата клубови кои прифатиле во иднина да се натпреваруваат во новоформираната Суперлига.

Реал Мадрид, Челзи, Манчестер Сити, Арсенал и Манчестер Јунајтед се вклучени во новиот проект, кој треба да биде алтернатива на натпреварувањата на УЕФА.

Европската куќа на фудбалот, уште пред да се потврди информацијата за формирањето на Суперлигата, се закани дека ќе има строги санкции за сите клубови кои ѝ „свртиле грб“, но како што пишува шпанска „Марка“ најверојатно полуфиналињата во Лигата на шампионите и Лига Европа нема да бидат одложени, односно ќе се одиграат во планираниот термин.

Тоа значи дека Реал Мадрид, Челзи и Манчестер Сити ќе им биде дозволено да ги одиграат своите полуфиналиња во Лигата на шампионите, додека Арсенал и Манчестер Јунајтед можат да го сторат истото во Лига Европа.