Полската „Златна топка“ ја предводи делегацијата во Скопје

Најдобриот полски фудбалер на сите времиња, а сега претседател на Фудбалската федерација на оваа земја, Збигњев Боњек пристигна со полската делегација во Скопје. Некогашната „Златна топка“ од 1982 година и човекот кој во Јувентус важи за еден од најдобрите голгетери во историјата со своите соработници го следеше тренингот на полскиот национален тим. 

Боњек во 1982 година од Видџев Лоџ премина во Јувентус и мина три сезони во кои заедно со Платини, Ѕоф, Кабрини, Ширеа, Џентиле, Тардели ги освои сите можни трофеј со „старата дама“, вклучувајќи го и Купот на шампионите во историското финале на „Хејсел“ против Ливерпул.

За полската репрезентација одигра 80 натпревари и постигна 24 гола. Најголемиот успех му е пласманот во полуфиналето на Светското првенство во Шпанија во 1984 година. 

По заминувањето од Јувентус, Боњек настапуваше и за Рома, а веднаш потоа почна тренерска кариера. Ги водеше Лече, Бари, Санбенетезе и Авелино, а во 2002 година ја предводеше и полската национална селекција во 2002 година.

Пред неколку години стана 26-от претседател на Полската фудбалска федерација. Минатата година тој и соработниците со успех го организираа У21 Европското првенство, а во тек во оваа земја е и У20 Светскиот шампионат на ФИФА. 

Европско првенство, Квалификации, Група G
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ПолскаПолска 4 4 0 0 8:0 8 12
2 ИзраелИзраел 4 2 1 1 8:7 1 7
3 АвстријаАвстрија 1 4 2 0 2 7:6 1 6
4 СловенијаСловенија 1 4 1 2 1 7:3 4 5
5 МакедонијаМакедонија 2 4 1 1 2 5:7 -2 4
6 ЛетонијаЛетонија 4 0 0 4 1:13 -12 0