Во натпревар од четвртфиналето на полскиот Куп се случи најчудната шема на изведување на слободни удари. На мечот помеѓу третолигашот Ниеполомиц и Погон, далеку поквалитетната екипа на Погон славеше со 0-2, а на третолигашот слатко му се изнаесмеаа. Шест фудбалери во сини дресови 23 секунди се договараа како да го изведат слободниот удар, а потоа се случи тотален хаос од договорот.