• Зоран Мишевски

Денес во Полска започна Светското првенство за фудбалери до 20 години, а титулата од пред две години во Јужна Кореја ја брани Англија. На стартот домаќинот неочекувано лесно загуби од Колумбија со 0-2. Головите за Јужноамериканците ги постигнаа Ангуло во првото и Сандовал во второто полувреме.
Италија беше подобра од Мексико со 2-1 со головите на Фратеси и Раниери.
- Полска - Колумбија 0-2:
- Мексико - Италија 1-2:
Во останатите натпревари одиграни денес Јапонија и Еквадор играа 1-1, а лесна победа запиша Сенегал, совладувајќи го Тахити со 3-0. На овој натпревар постигнат е најбрзиот гол на шампионатот, по само девет секунди.